1927 - Награда за дипломска работа (Акт), Букурешт

Постои документ во Дирекцијата на уметничката школа во Букурешт кој сведочи дека Мартиноски целосно ја завршил школата во 1927 година и дека е рангиран како прв во секцијата – сликарство, а освен тоа тој ја добива и првата награда на изложбата на дипломски работи. На делото “Женски акт” (негова дипломска работа), во горниот дел покрај сигнатурата “Martin” стои и натпис “1 Premiu 927”.

1950 - Награда за автопортрет, Скопје

1953 - Награда на град Скопје

1955 - Награда на град Скопје

1959 - Октомвриска награда на СРМ за сликарство, Скопје

1964 - Сребрена плакета на Сојузот на ликовните уметници на Југославија на белградското триенале, Белград

1964 - Награда за животно дело, Скопје

1967 - Награда на АВНОЈ, Белград

Наградата АВНОЈ е највисоко признание од областа на науката и уметноста во рамките на бившата СФРЈ. Никола Мартиноски е прв ликовен уметник од Македонија кој е одликуван со награда АВНОЈ, а покрај него како наградени од областа на ликовната уметност во југословенски рамки стојат: Антун Аугустинчиќ, Петар Лубарда, Божидар Јакац, Фрањо Кршиниќ, Крсто Хегедушиќ, Марко Челебоновиќ и други.

1968 - Награда “Нерешки мајстори” на ДЛУМ, Скопје

1972 - Прва награда за цртеж на изложбата “Нашето историско минато во делата на македонските ликовни уметници”, Скопје

Женски акт, 1927, масло на платно, 76X47
дома        живот       дело       галерија        изложби        награди       линкови