Никола Мартиноски имал околу 40 самостојни изложби.
Од 1929 до 1971 неговите дела повеќепати биле изложувани во Скопје, Белград, Нови Сад, Загреб, Љубљана, Париз и Дижон. По неговата смрт во 1973 две комеморативни изложби со ретроспективен карактер биле одржани во Белград (1973) и Скопје (1975). Од 1975 до денес со најразлични концепти и по најразлични поводи биле организирани изложби во Скопје и други градови во Македонија.


На отворањето на изложбата на Никола Мартиноски во Galerie Vauban, Дижон, Франција, 1959

Некои од ремек делата на Мартиноски биле изложени и на бројни групни изложби во Скопје, Букурешт, Париз, Белград, Софија, Љубљана, Москва, Прага, Варшава, Вашингтон, Њујорк, Лугано, Мексико Сити, Осло, Дижон, Лондон, Истанбул, Рим, Њу Делхи и др. Од многуте групни изложби во кои учествувал Никола Мартиноски како посебно интересни се издвојуваат:

1927 Букурешт, Изложба на дипломираните студенти на Школата за убави уметности.

1928 Париз, Изложба на група југословенски уметници (Лубарда, Милуновиќ, Мартиноски, Челебоновиќ, Личеноски) во Institut des Etudes Slaves

1937 Рим, “Модерна југословенска уметност” во Galeria di Roma.

1947 Москва, “Сликарство и скулптура на народите на Југославија во XIX и XX век”

1948 Прага, “Сликарство и скулптура на народите на Југославија во XIX и XX век”

1954 Вашингтон, Групна изложба (Хегедушиќ, Коњовиќ, Мартиноски, Михелиќ) во White Gallery

1955 Њујорк, Групна изложба (Хегедушиќ, Коњовиќ, Мартиноски, Михелиќ)

1956 Лугано, V биенале “Bianco - Nero”

1957 Њу Делхи, “III меѓународна изложба на современа уметност”

1962 Дижон, “Современа ликовна и применета уметност во Македонија”

1964 Лондон, “Современа македонска уметност” во Jугословенскиот информативен центар

1969 Истанбул, “Современа македонска уметност”

1971 Париз, “Уметност на тлото на Југославија од праисторијата до денес”

дома        живот       дело       галерија        изложби        награди       линкови