Добро дојдовте на официјалниот web - портал посветен на животот и делото на Никола Мартиноски.

Мартиноски е без сомнение една од најважните личности за развојот на македонската култура во XX век. Роден е во Крушево, 1903 година, дипломирал на Школата за убави уметности во Букурешт, Романија во 1927 како најдобар студент за таа година. Во 1927 и 1928 година претстојува во Париз каде ги посетува Académie de la Grande Chaumière и Ransan. По враќањето во Македонија, освен воведувањето на европските модерни сликарски тенденции карактеристични за Париската школа, на овие простори тој се истакнува и со својата општествена активност. Мартиноски е иницијатор и раководи со формирањето на Средното ликовно училиште во Скопје, Друштвото на ликовни уметници, Уметничката галерија во Скопје (сега Национална галерија на Македонија), учествува во формирањето на Македонската академија на науките и уметностите, институции кои и денес се основни носечки елементи на македонскиот културен живот. На оваа web - страна покрај галеријата, информациите за изложбите и наградите, објавени се и текстови за Мартиноски чиј автор е Проф. д-р. Борис Петковски кој беше и најголемиот проучувач на животот и делото на овој реномиран уметник. Текстовите се позајмени од книгата “Никола Мартиноски” издадена 1997 година од Уметничката Галерија – Скопје.

За укажаната помош при реализацијата на овој проект СМ-aрт Медиа им се заблагодарува на Националната Галерија на Македонија, Музеј на современа уметност и Музеј на град Скопје.

Овој проект е финансиран со средства од Минстерството за култура на Република Македонија.

контакт: Никола Мартиновски
web дизајн: Огнен Пауновски

дома        живот       дело       галерија        изложби        награди       линкови